Иван Мезга (48) од Декановец, кој работи во фирмата Strablegg-Leitner-Лејтнер во Австрија, работодавачот го наградил со ,,БМВ 320d” од 2010 година и со скапоцен рачен часовник.
Тоа се случило на прославата на фирмата, а Иван наградите ги добил како вреден и лојален работник кој 20 години е во фирмата, пишува еМеџимурје.
Компанијата се занимава со производство на вино и се наоѓа на јужниот дел на Штаерска.