Во 13:30 часот вчера било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Неготино В.В.(41) од Скопје управувајќи мотоцикл „Јамаха 850″ излетал надвор од патот и паднал. В.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.