Вчера било извршено вонредно обезбедување на културната манифестација „Струмички карневал 2019“, јави МВР, поради лажна дојава за бомба.
Имено, околу 18 часот во дежурната служба во СВР-Струмица, Т.У. (32) од Кочани пријавил дека ќе биде поставена експлозивна направа во трговски центар во Струмица.
По пријавата било постапено од Одделот за антитероризам и по преземените мерки констатирано било дека се работи за лажна пријава.