„Европанорама 2019“ е патувачки филмски фестивал од Љубљана, којшто во Скопје и Гостивар прикажува избор од најновите европски и скандинавски кратки филмови од различни стилови и пристапи (анимирани, фикција, документарни) од млади европски режисери.
Европанорама ќе се одржи во Скопје од 19 до 21 март во Кинотека на Македонија и 22 и 23 март во Центарот за култура АСНОМ, Гостивар. Во рамките на овогодишниот проект на Европанорама 2019 ќе се одржи ЗУМ Германија во Скопје и Гостивар. Публиката ќе има можност да проследи четиринаесет кратки германски филмови.
Влезот на проекциите е слободен.
Фестивалот Европанорама претходно беше прикажан во Осло, Бејрут, Љубљана, Белград, Загреб, Грац, Рига, Копенхаген, Будимпешта, а по прикажувањето во Скопје и Гостивар, продолжува за Минск, Подгорица, Трст и други градови.
Европанорама 2019 гостува во Скопје и Гостивар со поддршка на The Nordic, Европската делегација во Македонија, Гете институтот во соработка со Кинотека на Македонија и Центар за култура АСНОМ, Гостивар. Организацијата на фестивалот е на Ljubljana short film festival, Transit Film Bazaar, Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта и локални соработници.