Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 09/10.03.2019 година во периодот од 23 до пет часот спроведе акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол и возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.Од страна на полициски службеници контролирани се 151 возач, a кај 11 утврдено е присуство на алкохол. Откриени се и 111 останати прекршоци. Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената констатирано е дека 30 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило. Издадени се вкупно 78 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози. Со специјално возило “пајак” се подигнати 21 возило кои биле непрописно паркирани во централното градско подрачје.