На автопатот Гевгелија – Неготино кај клучка за Демир Капија, околу 20 часот патничко моторно возило „мицубиши” со германски национални ознаки, управувано од Џ.Н. (24) од скопското село Арачиново, излетало од коловозот. Во возилото се превезувале 15 мигранти од Иран, Пакистан, Авганистан. Во незгодата нема повредени лица. Џ.Н. и мигрантите биле приведени за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.