Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија утре ќе останат корисниците од општина Кисела Вода, соопшти РЦУК по добиената информација од ЕВН АД Македонија.
Од 08:30 до 09:30 часот не електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. „Мишко Михајловски” и дел од ул. „Емил Зола”, од бр. 18 до бр. 22, Општина Кисела Вода.
Во вторник од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од oбјектите во кругот на Зелен пазар, општина Центар.
Во временскиот период од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од с. Батинци, Oпштина Студеничани.