Анкета Макфакс: Огромно мнозинство од граѓаните сметаат дека нема доволно лекови во аптеките

Големо мнозинство од граѓаните сметаат дека во аптеките нема доволно лекови или пак дека има само до петти во месецот. Ова се резултатите добиени од онлајн анкетата на Истражувачкиот центар на Макфакс.

Анкетата опфати 2261 учесници, од кои на прашањето „Дали има лекови во аптеките“ дури 48,4 % одговориле дека нема доволно. 28,15 одговориле дека лекови има само до 5-ти во месецот, а 11,9 проценти одговориле дека бараат лекови по сите аптеки. Доволно лекови во аптеките има според одговорот на 11,6% од учесниците.

Анкетата траеше 24 часа, од 7-ми до 8-ми март и беше спроведена преку 13 веб страници. Од учесниците во анкетата 62,3 % се мажи, а 37,7 % се жени.

Треба да знаете
Последни објави