Компанијата „Боинг“ ја откажа церемонијата за презентација на новиот авион 777X закажана за утре во Сиетл, поради несреќата во Етиопија во која, втор пат за пет месеци, падна авион на компанијата од моделот 737 MAX 9.
„Во друга прилика ќе му го претставивме новиот авион на светот. Тоа ќе се случи во блиска иднина“, соопштија од компанијата.
Во него се додава дека „Боинг“ прави сè за да ѝ пружи поддршка на „Етиопијан ерлајнс“ по несреќата во која вчера загинаа 157 патници и членови на екипажот.
На презентацијата на најголемиот и најекономичниот авион во светот со два мотори чие производство почна во 2017 година требаше да присуствуваат бројни високи и угледни гости со оглед на тоа што испораката се очекува да почне во следната година. Се проценува дека неговата цена би била најмалку 360,5 милиони долари.