В четврток, 14.3.2019 година, со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 23-тата седница на Советот на Општината.
На дневниот ред на седницата се следниве точки:
- Предлог-заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ПС од ОН Аеродром за 2018 година.
- Завршна сметка на буџетот на Општина Аеродром за 2018 година.
- Предлог-заклучок за усвојување на Годишниот извештај на Општина Аеродром за 2018 година.
- Предлог-одлука за измена на Статутот на Општина Аеродром.
- Предлог-одлука за утврдување денарски благајнички максимум на Општина Аеродром.
- Предлог-одлука за утврдување девизен благајнички максимум на Општина Аеродром.
- Предлог-одлука за давање согласност за долгорочно задолжување на Општина Аеродром за реализација на проектот „Доградба на детската градинка Црвенкапа Скопје“, преку вториот проект МСИП 02/2018 – компонента А-општински инвестиции.
- Предлог-одлука за исплата на парична помош врз основа на пристигнати барања за опремнина за пензионирање на вработени лица во општински буџетски корисник.
- Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 и 2 на КП 2902).
- Предлог-одлука за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на јавните службеници за 2019 година во јавните детски градинки и општинските основни училишта од територијата на Општина Аеродром.
- Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Програмата Ј – Комунални дејности на подрачјето на ОА за 2018 година.
- Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Потпрограмата ФА-Уредување на градежно земјиште на подрачје на ОА за 2018 година.
- Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Програмата Р – Заштита на животната средина и природа на подрачјето на ОА за 2018 година.
- Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Програмата за одржување локални улици и патишта на територија на Општина Аеродром во зимски услови за 2018 година.
- Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Програмата за јавни работи на територија на ОА за 2018 година.
- Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2018 година.
- Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на културата во Општина Аеродром за 2018 година.
- Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на социјалната и детската заштита во Општина Аеродром за 2018 година.
- Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Аеродром за 2018 година.
- Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на спортот во Општина Аеродром за 2018 година.
- Советнички прашања.