Најдобри трикови за полесно откажување од цигарите

Борбата со откажувањето од цигарите, денеска е една од најприсутните во полето на здравјето. За да им излезат во пресрет на пушачите кои сакаат да престанат, различни производители нудат фластери, електронски цигари, лекови, мастики. Но, на крајот повторно сè останува на вас.

Доктор долги години им помага на пушачите да се откажат од цигарите. Тој вели дека прво мора да утврдите каков пушач сте, односно во кои ситуации посегнувате по цигарите. Ако утврдите зошто, односно ја процените причината, ќе најдете и начин како да престанете.

Праксата на Кумар покажа дека физичката активност ја намалува потребата за никотин. Тоа не значи да трчате маратон, но обична прошетка може многу да ви помогне. Главно треба да знаете дека пушењето е анти-стрес навика. Ги смирува луѓето. Затоа и треба да најдете помалку штетна алтернатива за да се ослободите од стресот, како што е медитирање, јога и масажа.

Еве кои трикови можете да ги искористите во битката со цигарите:

– Џвакајте цимет. Ја убива желбата за никотин.

– Солената храна ја убива желбата за цигара. Ако немате чипс при рака, ставете малку сол на врвот на јазикот.

– Кога ќе добиете желба за цигара јадете ореви, лешници, бадеми или суво овошје.

– Секогаш имајте мастики во себе.

– Ако пред да запалите цигара испиете малку млеко или изедете целер или морков, нема да уживате во цигарата затоа што ќе имате горчлив вкус во устата.

– Витаминот Ц ви е најголемиот сојузник во битката со цигарите. Затоа консумирајте лимони, портокали, црвена пиперка.

Треба да знаете
Последни објави