Врховниот лидер и основач на талибанското движење мула
Мохамед Омар живеел во близина на американските воени бази во Јужен Авганистан од 2001 до 2013 година, пишува во неодамна објавената книга на холандската новинарка Бете Дам „Во потрага на непријателот”.
Тврдењата на Дам се противречни со тезите на Вашингтон дека лидерот на талибанците заминал од Авганистан и починал во Пакистан, по падот на талибанскиот режим по воената интервенција на САД во Авганистан во 2001 година, предводена од САД.
Новинарката ги заснова своите тврдења на интервју со извори од авганистанската Влада, тајните служби и телохранителот на Мохамад Омар, Абдул Џабар Омари, кој е уапсен од авганистанските тајни служби.
Талибанците владееја со Авганистан од 1996 до 2001 година.
Според Дам, Омар од 2001 до 2004 година се криел во Калат, а од 2004 година до неговата смрт во април 2013 во округот Шинкаи.
– Одлуката на Омар да остане во Авганистан беше провоцирана од неговата исклучително силна недоверба во Пакистан, пишува холандската новинарка.
„Што и да се случи, нема да одам таму”, му кажал Омар на својот телохранител, по 11 септември 2001 година.
Смртта на Омар била чувана во тајност од раководството на талибанците поради страв да не влијае негативно на борбениот дух на припадниците на движењето.
Талибанците беа принудени да ја признаат смртта на Мохамед Омар откако авганистанските
разузнавачки служби пласираа информации дека тој починал во болница во пакистанскиот град Карачи.