Шефицата на групата „Баткивск“ во украинскиот Врховен Совет, Јулија Тимошенко го повика сегашниот украински претседател Петро Порошенко да се повлече од претседателската трка, обвинувајќи го за корупција и перење пари во секторот за одбрана.
„По изборите, Порошенко и неговите соработници ќе се соочат со кривични пријави за корупција во војската, перење пари и повлекување средства на офшор сметки преку свои компании“ рекла таа на состанокот на лидерите на парламентарните групи и фракции.