Често сопствениците и нивните миленичиња „наликуваат” едни на други, а често ги имаат истите „фризури”. Јапонска фирма од неодамна им нуди на сопствениците маски по урнек на нивните миленици. За една таква маска ќе мора да се издвои 2.600 долари, но таа ќе биде многу реалистична.
Сервис од Кјото смета дека тоа е мала цена во однос на задоволството на сопственикот.
Сопствениците на миленичиња едноставно треба да испратат фотографии од миленикот по електронска пошта, во сервисот што го води Шиндо Рина. Вработените потоа создаваат маска во големината на лицето на сопственикот со вештачко крзно во бојата на миленичето и сите други детали.
Рина вели дека најчесто добива фотографии од кучиња и мачки, но исто така има и повеќе необични барања, како што е оној за правење орангутанска маска.