„Осомничениот на 09.03.2019 година, ја присилил на обљуба својата поранешна сопруга. Тој ја чекал оштетената во влезот од зградата каде таа живее и кога ја отклучила влезната врата од својот стан, ја фатил за раката и насилно ја внесол во дневната соба. Потоа ја турнал на креветот, ја влечел за коса и ја стегал за вратот, велејќи и дека ќе има сексуален однос со неа „милум или силум“. Кога оштетената одбила да се соблече, осомничениот и ја скинал кошулата и извршил обљуба врз неа, совладувајќи го нејзиниот отпор изразен во удари со нозете по градите и рамената“, пишува во соопштението на Обвинителството.
Имајќи предвид дека по извршеното кривично дело осомничениот го напуштил своето живеалиште и бил отсутен се до следниот ден, можноста поради заедничкото дете да стапи во контакти со оштетената и да влијае врз истата или да го повтори кривичното дело, до судија на претходна постапка на Основен суд Велес е доставен предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот на надлежниот јавен обвинител е прифатен, па на осомничениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.