„Скопско астрономско друштво“ од утре, 12 март, го организира редовниот Воведен курс по астрономија.
Курсот се одржува по 22 пат во 20-годишното постоење на друштвото. Целта е посетителите да се запознаат со основните поими и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе бидат претставени преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.
Предавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20 часот.
Предвидени се 10 термини, меѓу кои и посета на Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје и теренско набљудување на ноќното небо.
Повеќе информации може да се прочитаат на www.astronomija.mk или на Фејсбук страната на друштвото.