Авиокомпанијата „Етиопиан ерлајнс” ја приземји флотата од Боинг 737 Макс авиони по вчерашнара несреќа со овој тип авион во која загинаа 157 лица.
Компанијата издаде соопштение во кое се вели дека ваквиот чекор е преземен како „дополнителна безбедносна мерка за претпазливост” по вчерашната фаталната несреќа.
– Иако сé уште не ја знаеме причината за несреќата, моравме да одлучиме да ја приземјиме таа флота како дополнителна мерка на безбедност, се истакнува во соопштеието.
И Кина претходно соопшти дека нејзините воздухопловни власти ги приземјиле сите авиони Боинг 737 Макс, во очекување на понатамошна истрага.