Роџер Федерер, по убедливата победата над Петер Головички 6:1, 7:5 во Индијан Велес, проговорил за ривалството со двајцата најголеми конкуренти Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
„Кристално е јасно дека Надал ми бил најтежок ривал во кариерата. Игра со левата рака и неговата геометриски прецизна игра ми прави големи проблеми. Особено ми прави проблеми кога напаѓа со топ-спин од бекхенд. За него тоа е природно, но за мене тоа е тежок „меч-уп“. Тоа го знаев уште од нашиот прв дуел“, рекол Федерер.
Швајцарецот со Надал има негативен скор (15 победи и 23 порази). Во последните неколку години и Ѓоковиќ, како и Надал има позитивен скор во дуелите со Федерер.
„Од друга страна, резултатите што ги постигнува Ѓоковиќ во последните осум години се фантастични. Навистина со уживање играм против него, нашите мечеви се многу возбудливи“.
Нова пресметка помеѓу Надал и Федерер е можна во полу-финалето на мастeрсот во Индијан Велс, додека дуел со Ѓоковиќ е можен само во финалето. Во наредната рунда Федерер за противник ќе го има сонародникот Стан Вавринка.