Постојат безброј природни и вештачки чуда што ги крие земјината топка, а за некои од нив не сме свесни додека не погледнеме од повисоко. Постојат и такви кои се откриваат само со помош на сателитски снимки.
Фотографијата погоре е сателитска слика од полиња во Канзас кои се обработуваат со кружно наводнување. На сликата е видлив и Автопатот 56 кој ја пресекува истата по средината. Во зелените кругови се посевите кои сè уште растат. Кон крајот на јуни, кога е направена сликата, пченицата добива златна боја, додека кафеавите полиња ја претставуваат почвата на која жетвата е веќе направена. Инаку, полињата прикажани на оваа снимка се со пречник од 800 до 1600 метри.
Кружното наводнување на земјиштето, што се врши така што прскалките вртат околу оска, во 1940 година го има измислемно фармeрот Франк Зибах од американската сојузна држава Колорадо. Неговиот изум станал широко прифатен како многу ефикасен иако требало да мине одредено време за модификација на системот со цел тој да стане конкурентен.
Покрај позитивните страни на ваквото наводнување, истото има и негативини, како што е намалувањето на количеството на подземните води кои многу тешко може да се обнова.