„Обвинетиот е осомничен дека на 16 декември 2018 година по претходна вербална расправија, со умисла тешко го повредил и го довел во опасност животот на едно оштетено лице. Критичниот ден оштетениот побарал од обвинетиот да му ги врати парите кои сметал дека му ги украл додека просел од него и од неговите другари. На ова, обвинетиот му одговорил дека не му украл пари, од џебот извадил остар предмет и му нанел неколку повреди на телото изразени во вид на убодни рани и посекотини, по што со трчање го напуштил местото на настанот. Кај оштетениот била предизвикана шокова состојба од крварење, со што неговиот живот бил доведен во опасност“, велат од Обвинителството.
Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи заради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор од судијата на претходна постапка, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на притворот.