Индонежанката Сити Аисјах, која беше обвинета дека учествувала во убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам денеска е ослободена од обвинението и пуштена од затворот во Малезија.
– Сити Аисјах е слободна, изјави судијата на Врховниот суд во Шах Алама, Азмин Арифин.
Одлуката за ослободување на Аисјах е донесена откако судијата го прифати барањето на Обвинителството да се откаже од обвинението.
Индонежанката Аисјах и Виетнамката Ти Хуонг беа обвинети на 13 февруари 2017 година дека со гасот ВХ го убија Ким Џонг-нам на аеродром во Куала Лумпур.