Триесет и двегодишен патник повредил контролор во автобус на ЈСП обидувајќи се да се избега од автобусот затоа што немал билет.
Според информациите на полицијата, инцидентот се случил вчера на автобуска постојка на булевар „Партизански oдреди“.
При излегување од автобус на ЈСП, М.Џ.(32) од Скопје, обидувајќи се да избегне контрола на билет, го турнал В.С.(43) од Скопје, контролор во ЈСП, кој се здобил со тешка телесна повреда.
На повредениот му била укажана лекарска помош во Градска општа болница „8-ми Септември“. М.Џ. бил повикан во Полициската станица Карпош и со него бил извршен разговор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.