Пендаровски: Следењето е завршена работа

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски смета дека е завршена работата со неговот следење и фотографирање. Вели дека не забележал дали се уште го следат, но дека тоа е завршена работа.

-Таа работа е завршена. Поднесов пријава и целата работа е кај МВР. Има истрага и тие знаат понатаму. Не сакам да коментирам понатаму за да не им ставам на товар повеќе работи. Тоа е непријатно чувство, но не значи дека е безбедносна закана по мојот интегритет, рече Пендаровски.

Тој истакна дека неговата главна заложба, на средбата со шефот на мисијата на ОБСЕ била дека изборите мора да бидат кристално чисти.

-Димензионирана ќе биде мисијата според потребите, односно  300 луѓе ќе ги следат изборите. Наша заложба е да има повеќе монитори, особено од граѓанскиот сектор. Далечно минато треба да бидат гласови на нерегуларен начин, нагласи Пендаровки.

На прашањето дали очекува фер кампања од страна на противкандидатите, Пендаровски вели дека сака да биде оптимист оти нема да има валкана кампања од неговите противници.

 

Треба да знаете
Последни објави