По обдукцијата и официјално потврдена причината за смртта на Кит Флинт

По тажната вест за самоубиството на фронтменот на „Продиџи“, Кит Флинт, официјално е потврдена причината за смртта. Флинт беше пронајден обесен во неговата куќа во руралниот дел на Есекс.

Четириесет и деветгодишниот пејач е пронајден во несвест во понеделникот во својот дом, а експерти по судска медицина потврдија дека причината за смртта е бесење, пренесува „Дејли мејл“.

„Тој е пронајден во несвест. Веднаш беше повикана брза помош и болничарите на местото на настанот утврдија дека тој починал. Беше повикана полицијата која потврди дека неговата смрт не беше сомнителна. Лекарите за време на обдукцијата потврдија дека причината за смртта е бесење, а сè уште се чекаат наодите кои ќе покажат дали има некои токсини во крвта”, изјави експертот по судска медицина.

Флинт се борел со тешка депресија и неговиот брак бил во криза, но според сведоците што го видоа само еден ден пред неговата смрт, тој изгледаше расположено.

Еден од гостите во ресторанот каде што ручаше Флинт, рече дека пејачот бил многу расположен и дека зборувал за тоа дека редовно трча и вежба.

Само два дена пред неговата смрт снимена е фотографија на која се гледа дека пејачот учествува во трка во која, наводно, го соборил и сопствениот рекорд.

Треба да знаете
Последни објави