Предложивме сѐ што можеме за Брегзит, на потег е Лондон

Шефот на европскиот преговарачки тим за Брегзит денеска од Брисел порача дека преговорите за британското истапување од ЕУ сега се одвиваат помеѓу Парламентот и Владата во Лондон, и дека Унијата веќе предложила сѐ што можела, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Дадовме конструктивни предлози на кои потсетив во петокот, разговаравме цел викенд и отсега преговорите се одвиваат помеѓу Владата во Лондон и Парламентот во Лондон, изјави Барние.

Во петокот, Барние на Твитер ги презентираше последните европски предлози за надминување на ќорсокакот во разговорите меѓу Брисел и Лондон. Меѓу другото, тој порача, дека предлозите предвидуваат Велика Британија да може унилатерално да ја напушти европската царинска унија и дека ЕУ е подготвена да даде правно обврзувачки гаранции, но дека заштитните мерки предвидени за ирската граница мора да се зачуваат.

Предвидено е британскиот Парламент утре да гласа за Договорот за Брегзит, кој веќе еднаш го отфрли, но според лондонски „Тајмс”, можно е британската премиерка Тереза Меј да предложи одлагање на утрешното гласање.

Треба да знаете
Последни објави