Со чувство на одговорност кон широката јавност, активните фанови на социјалните мрежи, нашите посетители, номинираните, официјалната жири комисија како и нашите спонзори, се чувствуваме должни да одговориме на прашањата кои ги добивме деновиве, а по повод најавениот избор за „Маж на годината“ во организација на Машки Магазин и Убавина и Здравје иако сметаме дека нема потреба.
Мислењето и официјалниот став на организаторите на првиот и официјален избор за „Мажи на годината“ во организација на Моментум Инк. и Friday.mk е дека обидот да се организира уште една ваква манифестација (која за жал, е директна копија на концептот и вредностите на нашиот настан), и слоганот „во потрага по вистинскиот Маж на годината“ единствено успева да ги навреди и потцени десетмината добитници на веќе организираното, повеќе од успешно прво издание на „Мажи на годината“, стручното жири од над 25 успешни, реализирани и сериозни лица и организации на стручното жири кои номинираа и гласаа за добитниците, номинираните (околу 90) мажи кои влегоа во селекцијата за Маж на годината, како и нашите спонзори кои ги препознаа и поддржаа оригиналните вредности на оваа манифестација.
Она кое сакаме да го потенцираме е бесрамноста на организаторот во најавата да го користи “прв официјален настан”. И покрај реакцијата и барањето од наша страна за корекција на соопштението испратено до медиуми на денот на жената, немаше никаква рекација што не наптера да реагираме и да го осудиме овој ефтин обид за манипулација. Да ги потсетиме организаторите кои очигледно имаат амнезија некоја дека првиот официјален настан МАЖИ НА ГОДИНАТА е одржан на 28.11.2018 година. Среќа јавноста памти.
Моментум Инк. и Friday.mk ќе продолжат со подготовките за второто издание на првиот и официјален избор на „Мажи на годината“ (веќе закажан традиционално, на крајот на ноември 2019 година) кој е поддржан од страна на Сојузот на стопански комори на Македонија и Асоцијацијата на менаџери на Македонија независно од исходот на вторава манифестација.