Рускиот патнички авион на авиокомпанијата „Урал ерлајнс” принудно слета во азербејџанскиот главен град Баку поради закана од бомба, објави новинската агенција „РИА новости“.
Авионот со 225 патници и членови на екипажот леташе од Бахреин кон Москва, соопшти Управата на аеродромот во Баку.
Инцидентот се случи кога членовите на екипажот се посомневаа дека во авионот има бомба.