Американското Министерството за финансии воведе санкции на руската банка Evrofinance Mosnarbank поради работење со венецуелската државна нафтена компанија Petroles de Venezuela SA (PDVSA).
АФП пренесува дека банката, со седиште во Русија, е во делумна сопственост на Венецуела.Во соопштението издадено од страна на Министерството за финансии се наведува дека ги вовеле санкциите за Evrofinance Mosnarbank поради нивната поддршка на венецуелската ПДВСА на Венецуела и Владата на оспоруваниот претседател Николас Мадуро. Ова е еден од напорите на САД за секнување на финансиската помош за Мадуро.
Администрацијата на Трамп преземе низа мерки за да го поткопаат владеењето на Мадуро и го подржаа лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, кого САД и 50 други држави го прифатија како привремен претседател на Венецуела.
Сиот американски имот на EuroFinance ќе биде замрзнат, а на граѓаните на САД ќе им биде забрането да работат со оваа банка. Владата на Венецуела во 2011 година купи 49 отсто од акциите во EuroFinance преку венецуелскиот Национален фонд за развој.