Хајди Клум се појави на модна ревија во Лос Анџелес во необично издание, облечена во впечатлив розов фустан со качулка и целосно покриен со реси. Но, по сè изгледа разиграното издание во впечатлива боја, која е последен моден хит не е најдобар избор за 45-годишната моделка.
Многумина заклучија дека познатата Германка за таквиот изглед се одлучила за да го сокрие трудничкото стомаче.
Хајди Клум во последните девет месеци е во врска со младиот музичар Том Каулиц. Тие неодамна објавија дека се свршени, а веројатно се подготвуваат и за свадба. Според тоа, приновата не би требало да биде изненадување.
Хајди со италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе ја има 13-годишната ќерка Лени, а од бракот со пејачот Сил има три деца – синовите Хенри (12) и Јохан (11), како и ќерката Лу (8).