Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај на денешната средба на Нацоналнот совет за интеграција, поднесе извештај за исполнување на критериумите за почеток на преговорите со ЕУ и ги повика политичките фактори да соработуваат.
Цакај рече дека во јуни очекува позитивна одлука за преговорите, посочувајќи дека сите препораки се исполнети. Тој апелираше дека сега е моментот за дијалог не само со ЕУ туку и за внатрешен дијалог.
– Ситуацијата во Албанија се поларизира и ова не е само обичен процес кој бара дијалог со земјите-членки на ЕУ, туку можеби и внатрешен политички дијалог за да се обезбеди потребниот консензус во спроведувањето на реформите потребни во оваа цел, истакна Цакај.
Прашан пред Советот дали е можно изборите во Европскиот парламент да ги одложат преговорите, Цакај нагласи дека доцнење би можело да има само во објавување на извештајот, но не и донесувањето на одлуката во јуни.
Во врска со можноста од евентуално зголемување на бројот на скептичните земји, тој не даде директен одговор, туку посочи дека „продолжува работата во убедување на земјите членки кои се релативно скептични кон процесот за прошување во целина”.
Албанскиот Нацонален совет за интеграција, по повеќемесен одмор, денеска ја одржа првата средба за оваа година, на која се расправаше за текот на реформите во правосудството, како еден од клучните критериуми за членство во ЕУ.