Жена и тетовец биле повредени во двата од трите пожари кои вчера избувнале во Пехчево, Штип и Тетово откако жители палеле сува трева и смет.
Вчера околу 14.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на месноста Амушкови чешми кај Пехчево настанал пожар пред викендицата во која престојувала К.М. од Пехчево. Според пријавата, таа запалила сува трева и смет, а поради временските услови пожарот се проширил и ја зафатил викендицата, а зафатил и поголема површина со борова шума. Притоа, К.М. се здобила со повреда на левата рака и и била укажана лекарска помош. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Берово, екипа од Шумско стопанство „Равна река“, екипа од Дирекцијата за заштита и спасување и други лица кои се затекнале на местото. Извршен бил увид на местото.
Истиот ден околу 17 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во делчевското село Град на место викано Чука. Од пожарот била зафатена нива од околу 10 декари со сува трева и еден декар насад со модри сливи. Од страна на месното население и Територијалната противпожарна единица Делчево пожарот бил целосно изгаснат.
Еден час претходно во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово-село Гермо настанал пожар, кој се проширил во дворното место на И.С.(37) и ја зафатил шталата и друг објект. Според пријавеното, пожарот го забележал И.З.(68) од Тетово, кој се обидел да го изгасне при што се здобил со повреди. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Извршен бил увид.