Мајкл Џексон Џуниор во јавноста одамна е познат како Бланкет (ќебе) Џексон бидејќи неговиот татко како бебе го префрли над балкон замотан во ќебенце и мафташе со него пред новинарите. Денес тој има 17 години и долго време не се појавува во јавноста.
Скандалот со бебето се случи во 2002 година во Берлин. Џексон пред јавноста ги претстави двете поголеми деца, а најмалиот син го изнесе покриено со ќебенце над главата и мафташе преку оградата на балконот.
Денес, 17-годишното момче избегнува да се фотографира и не го предизвикува вниманието на новинарите.
Додека неговата сестра Парис се огласи по повод скандалозниот документарец за нивниот татко, кој го поврзува со педофилија, Бланкет ништо не коментираше.
Ниту неговиот постар брат Мајкл Џозеф не коментираше за скандалот поврзан со педофилија со кој се товари покојниот Мајкл Џексон.



