Феникс Санс една од најлошите екипи во НБА лигата, изминатата ноќ приредија вистинска сензација, откако како гости ги победија шампионите Голден стејт Вориорс 113:108.
Вориорс почнаа добро првиот период го добија со 29:16, меѓутоа Санс фатија приклучок во вториот периорд, во кој постигнаа 40 поени. Изедначена борба се водеше во третата четвртина. Клучниот момент во мечот се случи на шест и пол минути до крајот кога при резултат 91;91 се повреди Кевин Дурент.
Во наредните четири минути Девин Букер постигна 15 поени и практично го реши победникот.
Букер ги предводеше Санс до победата со 37 поени, а на спротивната страна се истакнаа Клеј Томпсон со 28 и Кевин Дурент со 25 поени.