Само четворица претеници на ВМРО-ДПМНЕ се во салата на Собранието додека трае расправата за интерпелација на министерот за внатешни работи, Оливер Спасовски. Ова се случува прв пат кога е на дневен ред интерпеелација предложена од опозицијата да не е во можност да обезбеди доволен број пратеници да ја бранат и да не можат да го пополнат времето до гласање за иницијативата што сами ја поднеле.
Дали станува збор за проблем на самата пратеничка груа на ВМРО-ДПМНЕ?
На почетокот на седницата координаторот на опозициската партија Мицевски во образложение на интерпелацијата го обвини Спасовски за непотизам и корупција и дека безбедноста е сведена на нула.
Министерот во своја одбрана рече дека ВМРОДПМНЕ заработувало од секој тендер и дека сите вработувале роднини во МВР каде 60 вработени биле со фалсификувани дипломи.
Во продолжение следеше жестока расправа, пред се меѓу Милошоски и Мисовски.