Америкaнската велосипедистка Кели Катлин извршила самоубиство во саботата во Калифорнија на 24-годишна возраст. Катлин беше трикратна и актуелна светска првенка во велосипедизам на затворено, а на Олимписките игри во Рио во 2016 година освои со екипен сребрен медал.
Дека станува збор за самоубиство потврдиl нејзиниот брат.
Катлин беше шампионка во велосипедизам на затворено во 2016, 2017 и 2018 година, а освен што била успешен спортист таа била и талентирана виолинистка. Студирала математика на престижниот американски унивезитет Стенфорд каде што и се самоубила.
Пред еден месец за порталот „Вело њуз“ напишала дека се бори со усогласување на професионалните и обврските на факултет и дека тоа сè повеќе ѝ претставува проблем.