Бараката на Општина Аеродром кој изгорела во пожар во саботата била запалена со молотов коктел, дознава 24 Инфо.
Засега не се познати причините за палењето на бараката.
Според информациите на МВР, инцидентот се случил на 9.3.2019, 15 минути по полноќ на булевар Јане Сандански, сопственост на општина Аеродром, во која имало тримери, косилици за трева и друг алат. Од огнот e зафатена и барака на ЈП „Паркови и зеленило“.