Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на денеска на средба со претставници на американската компанија „Скуерд проперти груп ЛЛЦ” изјави дека Косово има создадено мошне поволна клима за странски инвестиции, јави дописникот на МИА од Приштина.
На состанокот со американската делегација, предводена од основачот и извршен директор на компанијата Мајкл Минц, Харадинај нагласи дека „со економскиот раст кој е највисок во регионот, намалувањето на даночните стапки, суштинските реформи во владеењето на правото и во фискалната политика, како и со Законот за стратешки инвестиции, Косово се најде на картата на атрактивни и безбедни земји за странските инвеститори”.
– Косово сега го има Законот за стратешки инвестиции, кој создава олеснувања и поволни околности за странските инвеститори. Основани се три одделни економски зони, кои се подготвени да ги пречекаат странските инвеститори, изјави косовскиот премиер.
Во сооопштението на владината служба за информирање, се наведува дека Харадинај порачал оти Косово веќе станало „доверлива адреса за американските инвестиции”