Дали имате чувство дека сте премногу уморни, уживате во попладневната дремка, потребни ви се најмалку 3 шолји кафе за успешно да го истуркате денот, а слободното време најмногу ви се допаѓа да го поминете на каучот пред телевизорот. Сите овие се јасни знаци дека ви недостасува енергија, а главниот виновник за ова е главно вашата неправилна исхрана.
Почетокот на денот се уште е поднослив, но по ручекот, ви останува само сила да дојдете до креветот, додека сите домашни обврски ги оставате за подоцна. Причината за ова добро познато чувство на исцрпеност по ручекот, лежи во адитивите во храната која ја консумираме.
Покрај калциумот, фосфорот е еден од најраспространетите минерали во нашето тело, одговорен за нормалната pH-вредност во организмот и за одржување на хормоналната рамнотежа. Сепак, вишокот на фосфат може да штети на нашеиот организам, а се главни состојки во храната, како што се јајца, месо, млечни производи, житарици, ореви и чоколадо. Сепак, ваквите природни фосфати присутни во храната не се многу штетни, тие всушност се одговорни за пренос на енергија и учествуваат во многу метаболички процеси. Од друга страна, неорганските фосфати се користат како прехранбени адитиви во храната и пијалоците и може значително да го нарушат нашето здравје.
Неорганските фосфати се наоѓаат во 70% од преработената храна и затоа е многу важно да се обрне внимание на она што го јадеме. Тие се додаваат во храната, така што вкусот е подобар, а рокот на употреба е подолг. Повеќето од овие адитиви се наоѓаат во готови, конзервирани производи, месни производи и сокови.
Прекумерното внесување на храна богата со адитиви доведува до намалена волја за движење и влијае до речиси целосна загуба на енергијата.
Посебна штета на нашето тело, адитивите може да направат на бубрезите.
Ако сакате да се заштитите од штетниот ефект на адитивите, не заборавајте да ја избегнувате следната храна:
Конзервирана храна
Месни преработки
Газирани напитоци
Грицки
Ако чувствувате голема потреба за повеќе енергија, потрудете се вашето мени да се базира на свежо овошје и зеленчук, кое ќе ви помогне за успешно извршување на вашите дневни обврски и ќе се чувствувате здрави и полетни.