Во Венецуела кражби на улиците, децата гладни, а во болниците не работат респираторите

Националното собрание на Венецуела вчера прогласи вонредна состојба, а Владата им нареди на училиштата и компаниите да останат затворени поради прекин на електричната енергија, кој трае веќе пет дена.

Опозицијата соопшти дека поради недостиг на струја во државата загинале најмалку 17 луѓе. Привремениот самопрогласен претседател Хуан Гваидо, за состојбата во државата ја обвини Владата, а официјалниот претседател Николас Мадуро вината ја префрли на САД и империјалистичките сили.

Жителите на главниот град Каракас, раскажале за Би-би-си, како изгледа животот во мрак и колку е тешка состојбата за граѓаните на Венецуела.

Про-владините вооружени мотоциклистички банди во земјата познати како „колективос“, беснеат по мрачните улици на градот и грабежите се се почести. Многу делови на земјата се уште немаат струја, а во оние каде е вратена, електрична енергија има само неколку часа во денот и повторно се исклучува.

Без интернет, мобилен телефон, банки, банкомати, клима уреди, секојдневниот живот за многумина стана неподнослив, особено за оние со пониски примања.

„Имам двегодишен син. Синоќа немавме што да јадеме“ вели Мајори од населбата Теразас дел Клуб Хипико во Каракас и додала дека ограбена е продавницата во близина на нејзиниот дом, а соседите ѝ дале малку ориз.

„Додадов малку шеќер и го нахранив детето, но што ќе му дадам денес да јаде кога ќе ми побара храна? Јас можам да трпам глад. На нас возрасните доволна ни е и чаша вода, но што да прави детето во ваква ситуација?“ се жали таа.

На улиците може да се видат очајни мајки како тропаат по затворените продавници, барајќи да ги пуштат внатре. Но, вработените примаат само американски долари, бидејќи не им работи ниту една каса и зошто не се плаќа со картички.

Загрижувачка е и состојбата со болниците. Нема соодветни услови за прием на болни, а не работат и погоем дел од апаратите. Поради хаосот кој владее во Венецуела, невозможно е и да се погребаат починатите. Ништо не функционира, не работат со денови институциите, се е во прекин.

Треба да знаете
Последни објави