На фејсбук-страницата на „Сплитске шапе“, здружение кое се занимава со помагање на животните, беше објавено дека децата пред училиште тепале еж.
Тие напишаа дека деца во сплитскиот кварт Бол се изживувале над немоќниот еж. Објавија дека ежот го однеле на ветеринар, но не се знае дали ќе преживее.
„Монструми, нечии деца … денеска со нога тепаа еж пред основното училиште Бол во Сплит.
Ешкото доби инфузија и антибиотик. Беше во шоок и дехидриран.
Не се знае дали ќе преживее. Сега е наш. Повеќе немаме зборови за сите будалетини кои одат и постојат околу нас”, стои во објавата на здружението.