Димитров-Сингер: Еврејската заедница има значајна улога во општествениот живот на земјава

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска оствари средба со извршниот потпретседател на Светскиот Еврејски Конгрес, Роберт Сингер, со кој разговарале за конкретните активности и мерки што државата ги презема на планот на сеќавањето и образованието за Холокаустот и соработката со еврејската заедница во земјава, која, како што било оценето има значајна улога во општествениот и културниот живот на нашата земја.

Извршниот потпретседател Сингер, како што соопшти МНР, се заблагодарил за поддршката на Владата на Северна Македонија на активностите на еврејската заедница во земјата и оддал признание за придонесот на државата во негување на споменот на македонските Евреи, кои во 1943 година беа депортирани во логорот на смртта Треблинка.

-Во тој правец, ја истакна важноста на процесот на едукација на новите генерации како најдобар механизам за справување со заканите од негирање и искривоколчување на Холокаустот, анти-семитизмот и говорот на омраза, се вели во соопштението од МНР.

Тој ја нагласил и подготвеноста на Светскиот Еврејски Конгрес, како меѓународна организација која ги претставува еврејските заедници и организации во над 100 земји низ светот, во претстојниот период активно да продолжи да соработува со земјава преку разни кампањи и програми.

Треба да знаете
Последни објави