За прв пат во земјава е изведена операција кај бебе од три кг со хипопластично лево срце во клиничката болница “Жан Митрев”

Во клиничката болница Жан Митрев за првпат е направена хибрид операција на 3 кг тешко бебе со хипопластично лево срце, кое преставува најтешка срцева мана во детската возраст.Станува збор за машко дете на возраст од 30 дена.

Хипопластично лево срце преставува вродена срцева мана кај која постои отсаство на целото лево срце , поточно пости недостаток на левата комора , левата предкомора и аортата.

Хибридната интервенција се изведува на тој начин при што интервентно се аплицира стент на артериозниот дуктус , а по 48 часа се бендираат (стеснуваат) пулмоналните артерии што носат крв во белите дробови. Бебето во моментот се опоравува од интервенцијата и се стабилизира за главната интервенција која се прави неколку месеци од хибридната процедура.

Хибридната операција беше извршена од страна на д-р. Владимир Чадиковски и д-р.Жан Митрев , а интервентниот кардиолошки дел  беше изведен од страна на д-р. Вилма Ампова.

Валентна Ангеловска

 

Треба да знаете
Последни објави