Во авионската несреќа на „Етиопијан ерлајнс“ што се случи во неделата наутро загинаа 157 луѓе од 35 различни националности. Меѓу нив имало 32 патници од Кенија, 18 од Канада, девет од Етиопија, девет од Велика Британија и по осум од Италија, Кина и САД и седум од Франција, објави Би-би-си.
Голем дел од патниците оделе на самитот на Обединетите нации во Најроби. Најмалку 22 луѓе на летот биле поврзани со ОН, а нивниот идентитет сè уште се утврдува. Меѓу нив имало делегати, преведувачи и друг персонал на ОН како и нигерискиот амбасадор Олуреми Башуа.
Во несреќата загинал и Себастиоано Туса, археолог на 66-годишна возраст, кој патувал во Кенија на проект со УНЕСКО.
Австриското министерство за надворешни работи потврди дека на летот имало тројца доктори на околу 30-годишна возраст кои патувале во Занзибар.
It is with heavy hearts that we share the news that four members of @CatholicRelief staff were killed in the Ethiopian Airlines Flight 302 crash yesterday. They will be deeply missed.
Their names are Sara Chalachew, Getnet Alemayehu, Sintayehu Aymeku, and Mulusew Alemu. pic.twitter.com/kcZZ8WMOzK
— Michael Stulman (@MichaelStulman) March 11, 2019
Вчера беше потврдено дека загинале синот и сопругата на словачки политичар. Објавено е и дека загинале тројца Швеѓани, но нивниот идентитет не е потврден.
Загинала и 28-годишната Норвежанка Каролин Адланд која работела во Црвен крст како и тројца туристи од Русија.
Канадскиот премиер Џастин Трудо потврди дека загинала и една Канаѓанка – Даниел Мур, 24 години, која патувала на конференцијата на ОН.
Од САД загинале четворица членови на Католичко здружение за помош кои патувале во Најроби на обука.