Скопјанец и малолетник биле каснати од кучиња-скитници вчера во Скопје, информира полицијата.
П.Д.(76) од Скопје пријавил во ПС Центар дека истиот ден околу 9 часот на улицата Македонија бил каснат од куче скитник во левата нога.
Истиот ден во 18 часот во ПС Центар, Љ.И.(31) од Скопје пријавила дека околу 11.40 часот на улицата Кеј 13-ти Ноември, нејзиниот 15 – годишен син бил каснат од куче скитник во левата нога.