Министерката за култура на Грција, Мирсини Зорба, предлага размена на скулптури, така што Грција би го земала споменикот на Александар Македонски, познат како Воин на коњ, а во замена ја нуди познатата скулптура „Дромеас“, која се наоѓа пред хотелот Хилтон во Атина.
Овој предлог предизвика реакции во Грција само неколку часа по неговото објавување. Како што пишуваат грчките медиуми, во согласност со Договорот од Преспа, грчката министерка предлага „Дромеас“ да биде сместена на централниот плоштад во Скопје, на местото на Александар Велики.
Информацијата ја потврди авторот на скулптурата „Дромеас“, Костас Вароцос.
-Што имав да кажам и кажав на министерката – изјавил светски познатиот уметник, кој пред неколку денови се сретнал со министерката.
Грчките медиуми пишуваат дека ваква размена не би можела да се случи без одобрение од уметникот.