Многумина дишат неправилно, дали и вие сте меѓу нив?

Повеќето луѓе дишат исто како што танцуваат-мислејќи дека тоа е правилно. Но, оние кои ве набљудуваат од страна знаат дека тоа често не е така.

Дури и повеќе од чувството за ритам, дишењето е природна автоматска акција за која не размислуваме. Всушност, почесто размислуваме за тоа како се движиме на подиумот за играње отколку на дишењето. Меѓутоа ако дишете правилно и одвоите време за тоа да го направите правилно, ќе изгледате и ќе се чувствувате помладо.

Пред да кажете: „Јас знам да дишам, го правам тоа цел живот!“ пробајте го овој тест… Гледајте пред себе и вдишете и издишете нормално два пати. Потоа, истото тоа направете го гледајќи надоле.

Се движи ли нешто? Повеќето луѓе дишат многу плитко и кратко, а притоа ништо не се движи. Во белите дробови собира многу повеќе воздух отколку што луѓето внесуваат. Затоа клучно е да ја вклучите и дијафрагмата која ќе ви овозможи белите дробови целосно да се рашират.

Во три чекори научете како длабоко да дишете…

1. Легнете на грб на подот. Ставете ја едната рака на папокот, а другата на градите

2. Полека и длабоко вдишете, барем пет секунди полнете ги белите дробови. Бројте во себе 1…2…3…4…5. Стомакот, доколку дишете правилно треба да се подигне, а папокот да се одалечи од `рбетот. Градниот кош ќе се прошири странично.

3. Кога ќе почувствувате дека вашите бели дробови се исполнети, полека издишувајте, броејќи до седум, се додека целиот воздух не излезе од белите дробови.

Повторувајте ја оваа вежба два пати дневно: 10 длабоки вдишувања и издишувања наутро и навечер. Ќе ја поправите функцијата на белите дробови и крвните садови, ќе го наполните телото со кислород, ќе ги исфрлите токсините и ќе го намалите стресот. Со тек на време длабокото дишење ќе ви стане навика.

Треба да знаете
Последни објави