Пет знаци дека со партнерот се однесувате како да сте му мајка

Најздрави и најуспешни врски се оние во кои партнерите се рамноправни. Нормално е во една врска партнерите да се грижат едни за други, но исто така е важно да се разликува грижата за партнерот од грижата за детето. Многумина не се свесни за разликите.

 

Овие пет знаци откриваат дека се однесувате како да сте му мајка на партнерот:

1. Постојано приговарате

Ако за сè што прави имате некој приговор, тогаш не само што се однесувате кон него како мајка, туку како многу напорна мајка. Никој не сака да слуша постојано приговори, секогаш е подобро проблемите да ги решите низ разговор.

2. Вие сте секогаш во право

Ако сметате дека секогаш вие сте во право, а тој не по секоја караница или расправа, тогаш не го доживувате партнерот како рамноправен кон себеси. А токму тоа е најважно во една врска. Овие работи сигурно ги забележува и вашиот партнер и токму поради тоа веројатно не се чувствува баш најдобро во врската.

3. Му угодувате во сè

Му ја диплите облеката, собирате трошки по него, му готвите и му го сервирате секое јадење, се грижите да е чист, миризлив, испеглан… Бракот или врската е тимска работа, во здрава врска сите домашни обврски треба подеднакво да бидат поделени или распоредени меѓу партнерите. Вие не сте негова мајка.

4. Постојано го браните

Доколку постојано во јавност се заземате за него и го оправдувате и штитите како мајка, подобро е да го научите самиот да ја презема одговорноста за сопственото однесување.

5. Целосно го контролирате

Освен што со ова однесување го потсетувате на мајка му, ако се обидувате да го контролирате секој аспект од врската, вклучувајќи го и неговиот живот, со тоа укажувате дека немате доверба во него. А тоа може многу лошо да влијае за иднината на врската.

Треба да знаете
Последни објави