Тони Цетински ја продава вилата за 1 250 000 евра, сака помала

Луксузната камена вила со базен во Радетич крај Канфанара во Истра, деновиве на многумина им го привлече вниманието во огласниците. Таа е подарок кој музичарот Тони Цетински (49) го доби пред 12 години од родителите Мирка и Винко. Сега ја продава за 1 250 000 евра.

„Таа недвижност е од дедо ми, а со текот на годините малку ја реновиравме. На моите родители не им пречи што ја продавам. Мене не ми треба толку многу простор, јас барам помала куќа во Ровињ“ рече Тони. Тој додаде дека во родниот крај планира да остари бидејќи му е најомилено место, а со тоа се сложува и неговата сопруга Дубравка (34).

Камената вила се продава веќе некое време. Така што тоа не е сега објавено затоа што итно ми требаат пари или нешто. Веројатно огласот е обновен и затоа пишува дека се продава од почетокот на март. Но во секој случај, тоа е, и ако се најде добар купувач, зошто да не“, кажа Цетински.

Луксузната вила има 226 м2 станбена површина, а се состои од простран дневен престој со камин, кујна, трпезарија, три спални, три бањи и гостински тоалет. Вилата ја опкружува уреден простор од 1, 136 м2, на кој се наоѓа базен што се загрева и џакузи со тераса за сончање.

Тони во огласот наведува дека во замена доаѓа и замена за имот во Ровињ. Музичарот уште во 2017 година рече дека се заситил од животот во Загреб по цели 25 години.

 

Цетински во 90-тите години од Ровињ се всели во својот прв стан во Загреб. Сепак, срцето и неговите корени, како што кажа пејачот, го влечат назад во Истра. Со 15 години помладата сопруга сака да живее далеку од урбаната градска врева.

Пејачот и Дубравка се венчаа во почетокот на 2014 година по осуммесечна врска.

Славонката во 2014 година во Ровињ ги тетовираше иницијалите на Тони „АЦ”, односно Антони Цетински, што е негово цело име. Истата година и пејачот ја прекри старата тетоважа на венчален прстен на раката, која ја имаше со поранешната сопруга Ивана Нобило, со нова, посветена на Дубравка.

Сопружниците Тони и Дубравка неодамна  ја прославија петгодишнината од бракот во Ерусалим.

Треба да знаете
Последни објави