Возач и сопатник биле тешко повредени, а друг сопатник полесно откако ао автомобилот во кој се возеле излетале од коловозот и удриле во дрво, а потоа во и во два паркирани автомобили. Сообраќајната несреќа се случила утрово во 1.25 часот на улицата Кирил и Методиј во центарот на Скопје. Автомобил „шеврлолет круз“, управуван од В.Б.(47) од Скопје излетало од коловозот и удрило во дрво, а потоа и во два паркирани автомобили „опел астра“ и „фиат пунто“.
Од ударот со тешки повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот Љ.С.(55) од Скопје, а сопатник Т.Г.(39) од Скопје бил полесно повреден.
Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарка помош, додека двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.