Тројца поведени е епилогот од сообраќајната несреќа која се случи ноќеска спроти ТЦ „Рамстор“.
Несреќата се случила ноќеска околу 1.30 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје, откако автомобил „шеврлолет круз“, управуван од В.Б.(47) од Скопје, излетал од коловозот и удрило во дрво, а потоа и во паркирани патнички возила „Опел Астра“ и „Фиат Пунто“, сите со скопски регистарски ознаки.
Од фотографиите може да се заклучи дека е вистинска среќа што сообраќајката се случила ноќе, оти во спротивно можело да се случи голема трагедија.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот Љ.С.(55) од Скопје, додека другиот сопатник Т.Г.(39) од Скопје се здобил со телесни повреди.
Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарка помош, додека двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Фото: 24Инфо